Медведев „преживуваше“ , но победи за полуфинале во Шангај

Данил Медведев е последниот полуфиналист на турнирот во Шангај, Русинот иако имаше големи физички проблем успеа да го скрши отпорот на Австралиецот, Алекс Де Мнинор со 2-0 (6-4, 6-4).

Во првиот сет Медведев направи брејк во петиот, а во второт во деветтиот и тоа се покажа како доволно за триумф.

Имаше и Де Минор свои шанси затоа што дојде до осум брејк топки, но Медведев успеа сите да ги спаси.

За место во финалето, Русинот ќе се соочи со Французинот Ридеркнеш кој денеска претходно беше подобар од Канаѓанецот, Оже Алијасим.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Ѓоковиќ и Вашеро.