
Паолини го одигра мечот на кариерата и ја прегази Швјонтек!
Паолини до победата дојде фуриозно дозволувајќи ѝ на полската тенисерка да освои вкупно само три гема. Првиот го доби со 6-1, а вториот со 6-2.
Покрај пласманот во полуфиналето со овој триумф, Паолини си обезбеди и место на завршниот турнир кој ќе се игра во Ријад од 1 до 8 ноември.
Во полуфиналто Паолини силите ќе ги одмери против Коко Гоф, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Сабаленка и Пегула.
Фото: EPA