Есенва во Белград допатуваа ѕвездите на Наполи и Ливерпул, но најголемата хистерија ја предизвика Пари Сен Жермен. 

Најголемата причина за тоа е бразилската суперзвезда Нејмар, кој сепак допатува во српската престолнина.

Веднаш по слетувањето на авионот на ПСЖ во Белград, бројни тинејџери направија голема гужва се со цел да направат едно селфи за паметење со еден од најскапите фудбалери на сите времиња.