Навивачите објавија зошто Манчестер доцнел на дуелот со Валенсија!

Веројатно за првпат во историјата на ЛШ, еден тим доцнеше на меч на кој е домаќин. Тоа вечерва му се случи на Јунајтед чии фудбалери со задоцнување се појавија на Олд Трафорд пред дуелот со Валенсија. 

Мечот доцнеше седум минути, а навивачите на Јунајтед веднаш ја објавија причината. Тие едвај чекаа вакво нешто за да го хејтаат Жозе Мурињо.

Мечот доцнеше бидејќи Жозе го паркираше автобусот на Олд Трафорд, пишаа тие, алудирајќи на дефанзивната тактика која ја практикува нивниот менаџер.