Навивачите на Холандија го „окупираа“ Дортмунд – засега без тепачки со Англичаните!

Фудбалските репрезентации на Холандија и Англија вечерва ќе ги одмерат силите во полуфиналето на Европското првенство, кое полека финишира во Германија.

Холандските навивачи уште од вчера го преплавија Дортмунд, што и не е некакво изненадување бидејќи тие правеа неверојатна атмосфера пред секој досегашен натпревар на својата репрезентација. Тие го „окупираа“ градот, каде што може да се види само нивната препознатлива портокалова боја, а доброто е што засега нема никакви инциденти со најчесто воинствените фанови на „Гордиот Албион“.

Репрезентациите на Англија и Холандија досега одиграле 22 дуели, во кои „лалињата“ победија на седум, Англија на шест, додека девет натпревари завршија нерешено. Победникот од вечерашната пресметка ќе се пласира во големото финале на ЕП каде што в недела ќе ги одмери силите со Шпанија во Берлин.