Навивачи на Интер си заминаа пред голот на Ачерби, обезбедувањето не ги пушти назад (ВИДЕО)

Како еден од најтрофејните италијански и европски клубови, Интер има голема база навивачи низ земјата и светот, но очигледно не му се сите верни.

Тоа можеше да се забележи синоќа, пред крајот на основниот дел од мечот против Барселона кога многумина помислија дека Интер е пред елиминација затоа што во тие моменти губеше со 2-3. Некои од навивачите одлучија предвреме да си заминат, сигурни дека нема шанси за пресврт и веќе беа надвор од „Џузепе Меаца“ кога Ачерби предизвика земјотрес со израмнувачкиот гол.

Навивачите се обидоа да се вратат, но обезбедувањето не им дозволи, а одлуката предвреме да си заминат очигледно им падна уште потешко откако Интер подоцна постигна уште еден погодок и обезбеди пласман во големото финале од Лигата на шампионите.