Навивач на Англија уловен како „шмрка бело“ на трибина во Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Шокантна снимка од синоќешниот осминафинален меч на ЕП 2024 помеѓу Англија и Словачка (2-1) денеска стана вирална на социјалните мрежи, откако на неа се гледа како навивач на „Гордиот Албион“ „шмрка“ бел прав на една од трибините на стадионот во Гелзенкирхен.

Англичаните беа пред елиминација, бидејќи губеа до една минута пред крајот, кога Џуд Белингем со ножички погоди во судиското надополнување за 1-1, а Хари Кејн погоди во првата минута од првото продолжение за 2-1. На навивачите не им беше лесно, мислеа дека си одат дома, па по пресвртот и водството дојде до лудо славје на трибините.

Додека повеќето пееја, камерата фати еден кој накратко ја прекина прославата. Тој беше снимен како користи дрога, барем така што изгледаше на објавеното видео.