Ако не успее да го добие Зиркзе, Милан ќе тргне по поголема ѕвезда!

Милан е заинтересиран за Џошуа Зиркзе, но Премиерлигашите имаат подобри понуди од италијанскиот гигант. 

Додека чекаат развој на ситуацијата, росонерите не седат со скрстени раце, работат и на други трансфер цели.

Информациите велат дека тие почнале преговори со Челси за ангажман на Ромелу Лукаку.

Лукаку би бил опција за Милан доколку не успеат да го ангажираат Зиркзе.

Ова би било враќање на Лукаку во Милано, со таа разлика што сега тој би го носел црвено-црниот дрес.