Клоп пред четвртфиналето на ЕП откри кој е негов фаворит за титула!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп пред четвртфиналната рунда на Европското првенство (ЕП) го избра својот фаворит за освојување на титулата.

Клоп ужива на Мајорка со неговата сопруга, а во разговор со новинарите кажа дека најголеми шанси за пехарот има Шпанија, иако добри настапи има и Германија.

„Цел живот сонував куќа на југот. Ја сакам климата и луѓето. Многу работи ми се убави тука. Што мислам за ЕП? Германије е добра, Франција е добра, Англија ќе биде подобра, но мислам дека Шпанија ќе го освои трофејот“, кажа Клоп.

Германија и Шпанија ќе се соочат на 5 јули во Штутгарт, а во останатите средби ќе се соочат Франција и Португалија, Англија и Швајцарија, односно Холандија и Турција.