Швајцарски медиум го нападна Ѓоковиќ: Дали навистина се оперираше или блефира?

Новак Ѓоковиќ во рекордно време се врати на тениските терени и оствари триумф во првото коло на Вимблдон, а на теренот не делуваше како да имал операција пред неколку недели.

Швајцарски „Ноје Цирхе цајтунг“ пред мечот објави текст во кој го нападна Србинот и постави прашање дали Ѓоковиќ намерно блефирал пред третиот гренслем-турнир во сезоната.

Во статијата се наведува дека 37-годишниот Србин се повредил на Ролан Гарос и се прогнозира дека ќе паузира сè до почетокот на Олимписките игри (ОИ), но Ѓоковиќ се вратил побрзо од очекувањата.

Ѓоковиќ во второто коло на Вимблдон ќе се соочи против Џејкоб Фирнли.