
Нападнат фудбалер на Звезда, Србите ќе поднесат жалба против Пафос
Пафос успеа да ја задржи предноста од првиот меч и да се пласира во главниот дел од Лигата на шампионите, но мечот го одбележаа инцидентите на и покрај теренот. Неколку пати дојде до кошкање меѓу фудбалерите на двете екипи поради што тренерот Милојевиќ најави жалба на Црвена Звезда против Пафос.
Според српските медиуми, во текот на судиското продолжение во второто полувреме, дошло до голема гужва на делот од трибината на кој биле членови на делегациите на двете екипи, но и играчи на Звезда кои не се нашле во протоколот. Припадник на обезбедувањето го удрил фудбалерот Стефан Лековиќ по што дошло до гужва и не се играше неколку минути.
Од Звезда остро реагираа на инцидентите во Лимасол и ја посочија тензијата како еден од клучните фактори за елиминацијата од Лигата на шампионите.