Најдобриот состав: Фудбалери кои не влегоа во борбата за „Златната топка“

Франс Фудбал синоќа го објави списокот од 30 фудбалери кои годинава ќе се борат за престижната награда „Златна топка“.

Оваа награда ќе биде доделена до крајот на годината, а 30 фудбалери ќе се натпреваруваат за најдобриот играч на светот. За прв пат во историјата, на овој список го нема играчот кој е актуелен добитник на наградата - Лука Модриќ.

Сепак, како и секогаш, овој избор од 30 играчи кои се натпреваруваат за „Златната топка“, предизвика различни коментари. Многумина сметаат дека некои играчи без заслуги се на списокот, додека некои се отпишани иако имаа добра сезона.

Британските медиуми решија да направат еден состав од 11 играчи кои не се најдоа во борбата за „Златната топка“ оваа година.

Оваа екипа ја сочинуваат: Едерсон (Манчестер Сити), Џошуа Кимих (Баерн), Емерик Лапорт (Манчестер Сити), Ендрју Робертсон (Ливерпул), Фабињо (Ливерпул), Н'Голо Канте (Челси), Џадон Санчо (Б. Дортмунд) , Хаким Зијех (Ајакс), Нејмар (ПСЖ), Хари Кејн (Тотнем), Фабио Кваљарела (Сампдорија).