На Вардар ќе му суди дете од Пловдив
Георги Кабаков е делегиран од УЕФА за да го суди мечот на црвено-црните против поранешниот норвешкиот шампион Розенборг, кој е поранешен учесник во Лигата на шампионите. На Кабаков ќе му помагаат сонародниците Мартин Маргаритов и Мартин Венев, а дополнителни судии зад головите се Никола Попов и Станислав Тодоров, додека четврти судија е Георги Тодоров.
Кабаков нема богато меѓународно искуство, роден е на 22 февруари 1986 во Пловдив, а со само 19 години суди на второлигашки мечеви во Бугарија, додека две години подоцна дели правда и во најсилната лига кај источниот сосед. Од пред четири години, тој е судија со знак на ФИФА и досега има многу малку мечеви судено на први тимови, најчесто во европските квалификации, како и еднаш во квалификациите за актуелниот мундијалски циклус за СП 2018 во Русија.
Во оваа 2017 година, Кабаков судел само два меча во европски квалификации, и тоа ТНС-Риека во квалификациите за ЛШ и Евертон – Ружомберок во третото коло во квалификациите за Лига Европа. Лани во ноември ја судел средбата Грузија - Молдавија во мундијалските квалификации.
Најмногу меѓународни мечеви со знакот на ФИФА судел во младинските категории и тоа мечеви во У17, У19, У21, младинска Лига на шампиони, популарниот турнир во Тулон...