На Флик судиите му се виновни за елиминацијата на Барселона

Иако во минатото изјави дека Барса не е тим кој го коментира судењето, германскиот стратег се пожали на делителите на правдата.

Барселона доживеа елиминација од Интер во епско полуфинале од Лигата на шампионите, а Флик прстото го впери во судиите.

„Секоја 50/50 одлука судијата ја свиреше во полза на Интер“, рече Флик по мечот.

„Факт е дека овој тим ја има почитта од цела Европа. Ние се гледаме во огледало и сме горди на нашиот напор кој го вложивме и начинот на кој игравме“.

„Ќе научиме од ова. Ова е процес на учење и ќе се вратиме тука наредната сезона“.

„Можеби зборував за судењето, но сакам да му посакам среќа на Интер. Тие направија голема работа и им посакувам се најдобро во Минхен“.