Мурињо чекор поблиску до историја: Заниоло донесе голема радост за Рома (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома први успеаја да ја затресат мрежата во вечерашното прво финале во Конференциската лига (КЛ), кое против Феенорд го играат во Тирана, откако Николо Заниоло го отвори резултатот со погодокот на нешто повеќе по половина час од натпреварот.

Тоа беше можеби и единственото интересно нешто што се случи на стадионот „Ер Албанија“ во првото полувреме, кое го доближи тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо, чекор поблиску до единственото остварување во историјата на фудбалот. Во случај римјаните да слават на крајот, „Специјалниот“ би станал прв со трофеи во Лигата на шампиони, Купот на УЕФА, Лига Европа и во новоформираната Конференциска лига.

Мурињо во првата сезона со Порто славеше во Купот на УЕФА, потоа ја освои Лигата на шампионите со португалскиот гигант, а подоцна и со Интер, за пред две години да се радува во Лига Европа заедно со Манчестeр Јунајтед со перфектен скор во финалните средби. За Рома, пак, ова е прво финале по три децении во кое го чека дебитантскиот трофеј во европските купови.