Му ветиле богат договор во Саудиска Арабија, а сега со месеци не добил плата

Алжирскиот фудбалер, Харис Белкебла како и многу други фудбалери одлучи да се пресели во Саудиска Арабија од каде што добил богата понуда од клубот Ал Охода.

На Алжирецот му бил ветен договор каков што во Европа според неговите квалитети никогаш немал да добие. Сепак, работите брзо тргнале во насока каква што не очекувал.

Имено, „Л’Екип“ објави дека Белкебла од декември не добил плата и поради тоа се нашол во огромни проблеми бидејќи не може да плаќа станарина, а ниту да ги финансира останатите животни потреби.

„Очаен е и сака да побегне“, пишува „Л’Eкип во текстот.

И покрај ситуацијата во која се наоѓал тој продолжил да игра за клубот каде што пристигна во септември 2023 година. Сега одлучи да преземе правни чекори и ја контактирал ФИФА за овозможи да му се раскине договорот.

Според правилата на ФИФА, Белкебла може да го раскине договорот ако клубот не му ги исплати заостанатите плати во рок од 15 дена. Охода сега има рок до 19. јуни да ги подмири долговите или во спротивно алжирскиот фудбал ќе може да го напушти клубот.

Во кариерата Белкебла играше за Валенсиенс, Турс и Брест. Дресот на репрезентација на Алжир го носеше на 11 натпревари.