Moдриќ разочаран: Ништо не ни одеше!

Лука Модриќ го игра своето последно Европско првенство во кариерата, а првиот натпревар на овој континентален собир нема да го памети по добро.

Шпанија доминираше против Хрватска и со три гола во првото полувреме дојде до триумф од 3:0. Капитенот Модриќ по натпреварот беше искрен и призна дека Шпанците биле подобри на теренот.

„Не ни одеше ништо, топката не сакаше да влезе гол. Имавме некои прилики, но не ги искористивме. Ни фалеше агресивност и предалеку стоевме од ривалот. Бевме нешто подобри во вториот дел, меѓутоа тоа не беше доволно. Мора да сме подобри. Знаеме дека мораме да победиме во следните два натпревари. Не бевме изненадени од Шпанците, знаевме дека ќе играат на посед, проблемот како што споменав беше во агресивноста. Против репрезентација која игра на тој начин без агресивност е тешко да дојдете до позитивен резултат“, изјави Модриќ

Во следните два натпревари Хрватска ќе игра против Албанија и Италија.