Бледо издание на „Коцкестите“: Шпанија за едно полувреме ја реши Хрватска! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија славеше сигурна победа над Хрватска од 3:0 во првото големо дерби на Европското првенство.

За разлика од настапите на последните две големи натпреварувања, денеска видовме една бледа Хрватска, а Шпанија тоа знаеше како да го искористи и уште во првото полувреме ја обезбеди победата.

По неколку пропуштени прилики резултатот беше отворен во 29. минута кога Фабијан Руиз го пронајде Алваро Мората која излезе „еден на еден“ со Ливаковиќ и ја смести топката во мрежата. Само три минути подоцна и асистентот Руиз се запиша во листата на стрелци.

Се играше финишот од првиот дел кога Ламин Јамал кој стана најмладиот играч кој настапил на едно Европско првенствго пронајде Дани Карвахал во шеснаесетникот, а фудбалерот на Реал Мадрид ја смести топката во мрежата.

Во вториот дел Шпанците мирно го приведоа натпреварот кон крајот и не дозволија изненадување. Бруно Петковиќ на десетина минути пред крајот ја погоди мрежата на Хрватска меѓутоа тој погодок беше поништен поради прерано влегување во шеснаесеникот на претходно изведениот пенал.