Јамал во првото полувреме против Хрватска сруши два рекорди! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал испиша историја на Европските првенства и во натпреварот против Хрватска во првото полувреме сруши два рекорда.

Јамал првиот рекорд го сруши со самиот настап во натпреварот санувајќи најмладиот фудбалер кој настапил на едно Европско првенство.

Jaмал денеска настапи со 16 години и 338 дена и така го сруши рекордот на Кацпер Козловски кој на последното Европско првенство токму против Шпанија настапи со 17 години и 246 дена.

Вториот рекорд Јамал го сруши пред крајот на полувремето кога му асистираше на Карвахал и стана најмладиот асистент на Европските првенства.