Струга и Тиквеш одиграа седум плус во „Суперкупот на Македонија“!
Ова беше своевиден „Суперкуп“ меѓу екипи кои летово ќе ја претставуваат нашата држава во европските натпреварувања во кој кавадарчани се снајдоа подобро и во кој дојдоа до триумф во втората минута од судиското продолжение. Тиквеш постојано водеше со еден гол разлика, а стружани трипати изедначуваа, но не успеаја да го спречат поразот.
Стрелци на головите за Струга ТЛ беа капитенот Буњамин Шабани, како и Укпа и Компаоре, додека за тимот од Кавадарци погодија новите засилувања Мартин Стојанов и Витор Алберто, како и Едиз Спахиу, а противникот си постигна и еден автогол.