Де Ла Фуенте по победата: Не постои подобра селекција од Шпанија!

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте беше пресреќен по победата на неговите избраници против актуелниот европски шампион Италија со 1-0.

Де Ла Фуенте кажа дека во моментов не постои подобра репрезентација од „црвената фурија“ и тоа го покажале на теренот.

„Ова беше тежок натпревар, иако доминиравме во сите фази од играта. Создадовме многу шанси, но не остваривме голема победа. Мора да продолжиме со работа. Нè чекаат уште многу предизвици, а ако зборуваме реално, тогаш мислам дека не постои подобра репрезентација од нас“, кажа шпанскиот селектор.

Шпанија во третото коло од групната фаза ќе игра против Албанија, додека Италија ќе се соочи со Хрватска.