Илиев по кратката авантура во Сараево се пресели во Романија

Македонскиот голман Дејан Илиев неодамна го напушти босанскиот тим Сараево, каде што бранеше во изминатите месеци, па веднаш си најде нов предизвик и во иднина ќе брани во Романија.

Илиев потпиша договор со УТА Арад од Романија, а се очекува да биде големо засилување за екипата која се натпреварува во најсилната лига во државата.

Искусниот чувар на мрежата во минатото бранеше и за Беласица, Арсенал, Хелсинки, Шрусбери, Серед и други екипи.