Многу шанси, ниту еден гол на „Мараси“ (ВИДЕО)

Сампдорија и Сасуоло го одиграа своето прво реми без голови во Серија А на стадионот „Мараси“ во Џенова. 

Двете екипи имаа солидни шанси за гол, но напаѓачите не беа на своето ниво. За гостите најблизу до гол беше Доменико Берарди, кој ја погоди стативата од голот на Сампдорија. Најдобрата можност за домаќините ја имаше Рикардо Сапонара, кој со волеј од идеална позиција биеше над голот.

Сампдорија е на петтото место на табелата во Серија А со 15 бодови, додека Сасуоло е осми со бод помалку.