Миовски доби 20-тина минути, Абердин извади бод во Хелсинки

Абердин уште во претходното коло ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата од Конференциската лига, па денешниот меч кај Хелсинки беше само од ревијален карактер, уште повеќе поради тоа што и финскиот тим веќе беше испаднат од конкуренција.

Заврши без победник (2-2), а менаџерот на шкотскиот тим одмори дел од играчите за искушенијата во домашното првенство. Меѓу нив и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој во игра влезе во 74. минута и заедно со судиското продолжение одигра 20-тина минути.

Кога тој влезе во игра, веќе беше 2-2 откако Хелсинки поведе со головите на Банде и Хостика, а за израмнување се погрижија Мекдоналд и Дјук. 

РЕЗУЛТАТИ
АЗ Алкмар - Зрињски 0-0
Бешикташ - Бриж 0-5
Бодо - Лугано 5-2
Балкани - Викторија Плзен 0-1
Гент - Зорја 4-1
Хелсинки - Абердин 2-2
Клаксвик - Слован 1-2
Олимпија - Лил 0-2