Миовски цел живот ќе ја памети денешната средба – првпат ќе заигра во ЛШ!
Според шпанските медиуми, нашиот напаѓач ќе го предводи нападот на најпријатното изненадување во Ла Лига минатата сезона, каде што пристигна летово како големо засилување од шкотски Абердин.
Миовски остана на клупата во првата средба од елитното натпреварување, на гости кај ПСЖ, а во последните четири натпревари во шпанското првенство настапи само на еден и тоа во поразот од Валенсија. Македонецот во претходните две сезони постигна 32 гола на 75 средби за шкотскиот прволигаш, а се уште го чека првенецот во дресот на Жирона.