Меси и Ван Дајк пристигнаа на церемонијата, Мбапе го собрал цело маало (ВИДЕО)

Вечерва е прогласувањето за престижната награда „Златна топка“ кој ќе замине во рацете на еден од десетмината номинирани кои влегоа во најтесниот круг, а полека фудбалерите ги завземаат своите позиции на гала - церемонијата.

Засега на црвениот тепих се појави Лионел Меси со сексапилната сопруга Антонела Рокуцо, Вирџил ван Дајк исто така со понежната половина, а најкомично беше појавувањето на Килијан Мбапе, кој пристигна со цел „автобус“ зад себе.