Мбапе стигна до 100 гола: На 20 години Меси беше трипати послаб, а Роналдо - петпати!

Фудбалскиот свет од поодамна трепери дека после заминувањето на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во пензија, фудбалот ќе стане пресиромашен, но веќе очигледно допрва доаѓа времето на француската тинејџерска-ѕвезда Килијан Мбапе, зашто брзоногото крило веќе успеа да ги андмине двете најголеми светски суперѕвезди.

Мбапе вчера даде гол во триумфот на Франција против Андора (4-0) и со тоа стигна до бројката од 100 гола во кариерата. А има само – 20 години. Младиот Французин, кој е член на ПСЖ само четири години е професионалец, од 2015 до 2017 во Монако постигна 27 гола на 60 меча, а во претходните две сезони во ПСЖ даде 60 гола на 87 меча. И плус 13 за репрезентацијата на Франција, со која лани стана светски првак.

Севкупно до 100 гола дојде на само 180 меча, а на оваа возраст вакви бројки немале ниту Меси, ниту Роналдо. Меси до 100 гола стигна со 22 години и 97 дена, а Роналдо на 22 години и 356 дена. Мбапе има 20 години и 173 дена.

Колку за споредба со стоте гола на Мбапе на 20 години. На истата возраст Меси имал вкупно 36 погодоци, а Роналдо – едвај 20. А, треба да се додаде дека веќе има светска титула, во која даде голем придонес, па се запиша во историјата на Мундијалите, нешто што Меси и Роналдо може да го сонуваат.