Марсијал му донесе победа на Јунајтед против Партизан (ВИДЕО)

Екипата на Манчетсер Јунајтед славеше на гостувањето во Србија, против тимот на Партизан, а стречец на единствениот гол за победа беше дело на Ентони Марсијал во 43. минута од натпреварот.

Стадионот „ЈНА“ беше исполнет до последното место, но домашните фанови останаа со празни раце и покрај тоа што нивните миленици одиграа одлично, сепак реализацијата недостасуваше.

Во преостанатите натпревари, Рома осигра само 1-1 на домашен терен против Борусија Менхенгладбах, Бешикташ загуби од Брага (1-2), Вулверхемптон победи кај Слован Братислава (1-2), Порто разочара и одигра 1-1 со Ренџерс, додека слично беше и со ЦСКА Москва, која на домашен терен доживеа изненадувачки пораз од Ференцварош (0-1). Поделба на бодовите имаше и во Франција каде Сент-Етјен и Олександрија одиграа нерешено (1-1), како и во Белгија, каде Гент и Волфсбург одиграа интересен дуел со четири гола (2-2). Лудогорец, пак, дома минимално загуби од шпански Еспањол (0-1).