Македонските клубови летово ќе играат без гледачи во евроквалификациите

Македонските европретставници летово ќе играат во евроквалификациите во Лигата на шампионите и Лига Европа без гледачи, реши УЕФА на денешниот состанок на Извршниот комитет.

УЕФА донесе очекувана одлука која се најавуваше уште од поодамна, но засега останува само за квалификациите во европските купови, а дополнително ќе се решава за останатите натпреварувања во новата сезона.

Ова пред се се однесува на домаќините, бидејќи според настанатата ситуација поради коронавирусот, предвидено е да се одигра само еден натпревар, што значи дека домашните тимови нема да имаат поддршка од својата публика. Тоа во превод значи дека Шкендија нема да има помош од своите фанови, со оглед на тоа дека е носител во првото коло, а останатите македонски тимови Ренова, Силакс и Шкупи ќе играат на гости,

Што се однесува до оваа сезона, беше решено дека во двата пара од осминафиналето во Лига Европа, Интер - Хетафе и Севилја - Рома, кои беа одложени и првите натпревари, еден натпревар ќе се реши за пласман во четвртфиналето, а истите ќе се одиграат во Германија.

УЕФА ја донесе оваа одлука само еден ден пред ждрепката за четвртфиналето од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Покрај веќе познатите четвртфиналисти во Лигата на шампионите (Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и ПСЖ), Манчестер сити ќе го пречека Реал Мадрид (2-1), Баерн - Челзи (3-0), Јувентус - Лион (0-1) и Барселона - Наполи (1-1).

Истиот систем ќе важи и за Лигата на Европа, чиј последен турнир ќе се одржи во Германија, а во финалето домаќин ќе биде Келн на 21 август.