Македонија ЃП и Шкупи против Ерменци, Пандевци одат во Мостар

Два макеоднски европретставници ќе се судрат со ерменски тимови, а дебитантот Академија Пандев ќе патува во Босна и Херцеговина, реши денешната ждрепка за првото коло во Лига Европа кое се одржа во Нион.

Чаирски Шкупи го доби ерменскиот Пјуник, клубот кој лани во оваа фаза го елиминираше најтрофејниот македонски клуб Вардар и после тој триумф стартуваше големата криза кај црвено-црните, а овој ерменски клуб е познат за Македонија, зашто прилепска Победа настрада со седумгодишна суспензија за местенка во 2004 година.

Покрај Шкупи и Македонија ЃП доби ерменски предизвик. „Лавовите за противник го добија Алкашерт, клуб кој не е многу познат за македонската јавност.

Дебитантот во Европа, Академија Пандев, пак ќе се соочи со поранешниот босански првак Зрињски од Мостар и според ждрепката само пандевци засега се домаќини во првиот меч, за разлика од Шкупи и Македонија ЃП кои ќе играат во реваншите на домашен терен. Но сооглед дека и Шкендија е домаќин на реваншот, веќе извесно е дека некој од Македонија ЃП и Шкупи ќе мора да го смени домаќинството и да првиот меч да го игра на Националната Арена „Тодор Проески“.

Првите мечеви се на програмата на 11 јули, а реваншите на 18 јули.