
Лудогорец засилен со Бразилец на мегдан со Шкендија
Станува збор за 22-годишниот напаѓач Матеус Мачадо кој во тимот од Разград доаѓа на позајмица од саудискиот Ал Фатех. Тој беше договорен уште пред крајот на јули, но клубот не успеа да го регистрира за двомечот со Ференцварош и тој дебитираше дури во текот на минатиот викенд против Локомотив Софија.
Мачадо има искуство во бугарскиот фудбал затоа што кариерата како интернационалец ја почна во Черно Море каде на 15 натпревари постигна шест гола. Иако напаѓач, Бразилецот нема којзнае каков голгетерски ефект како професионалец имајќи предвид дека на 63 натпревари последните четири сезони постигна 16 гола.