Премиерлигашите „лудуваат“ на трансфер пазарот - уште 100 милиони фунти и паѓа рекордот

На нешто помалку од две недели пред крајот на летниот преоден рок, клубовите во Премиер лигата веќе потрошиле 2,36 милијарди фунти (2,65 милиони евра) за засилувања.

Ова значи дека остануваат уште 100 милиони фунти за да падне рекордот од 2023 година кога беа потрошени 2,46 милијарди, а имајќи ги предвид преговорите кои се водат во моментов и сумите што се спомнуваат, нема да биде изненадување ако биде достигната границата од 3 милијарди. Многу веројатно ќе падне и рекордот од продажби на фудбалерите бидејќи клубовите досега на овој начин собрале 1,3 милијарди фунти што е за 200 милиони помалку од ланскиот летен преоден рок во Премиер лигата кој е најдобар во историјата.

Овие бројки се уште еден показател за финансиската надмоќ на англиските клубови во однос на остатокот на Европа. За споредба, шпанските клубови летово потрошија 524 милиони евра на засилувања, а безмалку третина од таа сума оди на Реал Мадрид кој четворица фудбалери плати 167 милиони. Италијанците потрошија 911, Германците 634, а Французите 505 милиони евра.