
Синер ја губи контролата, сега сѐ е во рацете на Алкараз
На неполна недела пред почетокот на УС Опен, таа изнесува помалку од 1.900 бода, а во Њујорк титулата ја брани Синер и ако не успее да ја одбрани, за две недели ќе има нов лидер на АТП листата. По 14 месеци доминација, контролата повеќе не е во рацете на италијанскиот тенисер иако би можел да го пролонгира падот за уште неколку недели, ако триумфира во Њујорк.
Алкараз има голема шанса да се врати на првото место по пауза од точно две години, а интересно е тоа што и првиот пат кога се искачи на чело на листата, тоа се случи по Гренд слемот во Њујорк. Синер е веќе 63 недели на врвот на АТП листата, има сигурни уште две, но јасно е дека брзо ќе падне затоа што и во финишот од сезоната брани многу повеќе бодови од својот најголем ривал.