Ливерпул со сета артилерија против Спартак Москва

Вечерва следи комплетна разврска во групната фаза од Лигата на шампионите, а највозбудливо ќе биде во групата Е, каде три екипи се борат за две места.

Ливерпул е лидер со девет бода и ја пречекува Спарта која е трета со шест, но поради ремито од нивниот меѓусебен дуел во Русија, доколку вечерва гостите слават на „Енфилд“ ќе имаат подобар меѓусебен скор од Англичаните и со тоа автоматски ќе ги потиснат на втората позиција, а доколку Севиља го совлада Марибор, Ливерпул ќе игра во Лигата на Европа.

Тоа е најлошото сценарио за Англичаните, а бод сигурно им носи нокаут фаза. Како и да е, Ливерпул вечерва трга офанзивно од првата минута и со триото Мане-Фирмињо-Салах ќе се обиде да ги разреши сите дилеми со победа.