Лампард распука по Челси: Само Ковачиќ играше фудбал

Челси синоќа доби фудбалска лекција од Баерн Минхен среде Лондон во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони. Германците славеа со убедливи 3-0 на „Стемфорд Бриџ“, па очекувано менаџерот, Френк Лампард не беше задоволен од играта не неговите избраници.

Тој потенцираше дека само еден фудбалер бил на потребното ниво за вакви натпревари, а тоа е Матео Ковачиќ.

„Немаше многу добри перформанси во нашиот тим, освен Ковачиќ. Тој играше со голем карактер и човек веднаш ќе помисли, 'ова момче може да игра во било кој тим во Европа на вакво ниво'. Освен тоа не покажавме ништо посебно вечерва. Нивото на Баерн Минхен беше фантастично. Ако не одигравме на најдобро ниво, очекувано беше дека вака ќе завршиме. Не одигравме како што треба, немавме самодоверба кога ја имавме топката. Тоа беше моето најголемо разочарување, од почетокот од самиот крај“, рече менаџерот на „сините“.