Косово ја оствари својата прва официјална победа во историјата (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Косово вечерва во рамки на Лигата на нации ја оствари својата прва официјална победа во историјата. 

Арбер Зенели погоди во 50-тата минута, а само пет минути подоцна погоди и Адте Нухиу за 2-0 против селекцијата на Фарски острови во групата 3 во рамки на Лигата Д. Косово сега води на табелата со четири бода, бидејќи во првото коло одигра реми без голови на гости кај Азербејџан.

Косово учествуваше во квалификациите за Светското првенство во Русија, но таму оствари само едно реми и дури девет порази. Имаше победи на пријателски натпревари, но вечерашниот триумф против Фарски Острови е прв на официјалните натпревари.

Овој дуел се одигра и на новоизградениот национален стадион „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

Головите од натпреварот можете да ги погледнете ТУКА.