Кошмарен старт за Сити: Корне со страшно паметен шут го шокира фаворитот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лион уште еднаш покажаа дека не случајно го елиминираа Јувентус во претходната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва, во четвртфиналниот дуел со Манчестер сити го изненадија фаворитот со прекрасен погодок по 24. минути од играта.

Стрелец беше Максвел Корне и тоа со страшно паметен шут од дваесетина метри, искористувајќи го отсуството на вистинска одбрана на противникот по една неуспешно изведена офсајд замка од страна на премиерлигашот.