Копенхаген моќно, Шахтјор рутински во четвртфиналето од Лига Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Копенхаген и на Шахтјор првите патници во четвртфиналето од Лига Европа, откако вечерва, на домашен терен, лесно и убедливо ги совладаа Башекшехир (3-0) односно Волфсбург (3-0).

Данците уште во четвртата минута од средбата ја изедначија предноста на противникот од првиот дуел пред пандемијата со коронавирусот, додека во 52. минута од пенал дојдоа до вкупна предност. Стрелец на двата погодока беше Јонас Винд. Конечниот резултат го постави Расмус Фалк во 62. минута.

Шахтјор, пак, рутински ја го мина германскиот предизвик со оглед на водството со 2-1 од првиот меч. Средбата беше изедначена до самиот крај, кога домашните постигнаа дури три погодоци во судиското продолжение и тоа преку Мораеш во 90. минута и 93. минута и преку Соломон во 91. минута.