„За тебе Вардаре и то Сибир малку е“ е позната парола на најверните вардарови навивачи, кои својот миленик никаде не го оставаат сам. Така и денеска, Комити се „пробија“ со Санкт Петербург за да му дадат поддршка на македонскиот шампион и неговата желба конеќно да дојде до бод во групте во Лига Европа. Комити годинава беа и во Малме, и во Копенхаген, и во Истанбул, а последно во Сан Себастијан. Поминаа илјадници колометри за да го бодрат Вардар.