Кога е најтешко, тука е најдобриот: Роналдо со фантастичен удар со „лева“ до 2-1 против Лион (ВИДЕО)

Јувентус поведе со 2-1 во мечот против Лион, со што дојде на само уште еден чекор до предноста потребна да се обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Стрелец на погодокот повторно беше Кристијано Роналдо во 60. минута, кој по голот од пенал во првото полувреме, овој пат реализира со фантстичен удар со лева нова од околу 20 метри. Вкупниот резултат сега е 2-2, но францускиот состав сѐ уште е во добитна позиција поради голот во гости, тој на Мемфис Депај на стартот од средбата.