Клоп веќе знае кој ќе му се падне на Ливерпул во ждрепката!

Ливерпул на брилијантен начин ја заврши Лигата на шампионите, совладувајќи го Спартак со 7-0, па како првопласиран ќе чека противник за осминафиналето во ждрепката, в понеделник.

Јирген Клоп е презадоволен со успехот, но кога го прашаа за ждрепката за осминафиналето не се возбуди премногу и рече дека веќе знаел кој ќе им се падне.

„Не ме загрижува премногу кого ќе добиеме. Мене ждрепката и онака секогаш ме спојува со Реал Мадрид, ќе видиме дали ќе биде така и сега. Немаме некои фаворити. Убаво е да се игра осминафинале по долго време“, вели тренерот на Ливерпул.

Тој првпат игра ЛШ откако дојде во Англија, а претходно, како предводник на Борусија Дортмунд двапати го добиваше Реал во нокаут-фазите од ЛШ. Во сезоната 2012/13 играа во полуфиналето, тогаш Борусија победи, а една година подоцна Реал беше поуспешен во четвртфиналето.

Реал е веројатно најтешкиот противник кој може да го добијат првопласираните екипи. За Ливерпул забранети се само Челси и Севилја, а покрај Реал може да ги добие Јувентус, Баерн, Базел, Шахтар и Порто. Но, ако игра како синоќа со Спартак, треба да му ја мисли противникот, а не Клоп.

„Никој не можеше да замисли дека вечерва вака ќе заврши. Беше убава вечер на ‘Енфилд’. Секогаш е добро да постигнете рано еден или два гола. На полувремето им реков на играчите дека мора да им покажеме на сите што научивме од сопствените грешки и дека мора да продолжиме понатаму. Немам на што да се пожалам вечерва, се беше одлично. Малку го променивме составот, а момците беа многу добри. Одбраната беше на место, тоа посебно ми се допадна“, вели германскиот тренер.