Кралски бал во Минхен, Баварците - потчинети! (ВИДЕО)

Реал Мадрид долеа огромна доза предвидливост на полуфиналето во Лигата на шамионите, совладувајќи го Баерн Минхен со 2-1 на „Алијанц арена“.

Баварците не беа надиграни, имаа свои шанси и свои периоди од натпреварот, меѓутоа Реал Мадрид одигра кога требаше и ги реализираше сопствените можности. 

Натпреварот почна лошо за Баерн, бидејќи принудно мораше да излезе од игра Арјен Робен уште во осмата минута. Сепак, тоа не ги разниша Баварците и 20 минути подоцна поведоа, преку убав гол на Џошуа Кимих. Шест минути подоцна нов баксуз за Јуп Хајнкес - се повреди Боатенг, па правеше нова принудна замена.

 

Реал Мадрид немаше игра, не создаваше шанси, но го имаше Марсело во 44. минута да упати силен и прецизен шут и да изедначи. Баерн се обидуваше и напаѓаше и во второто полувреме, а Реал повторно ја искористи првата голема шанса. Асенсио, кој влезе во игра веднаш по паузата, организираше контра заедно со Лукас Васкез и самиот погоди за 2-1.

И Роналдо постигна гол, стигна и да се израдува, но веднаш беше поништен бидејќи играл со рака. Не успеа да погоди до крајот и со тоа ја прекина низата од 11 меча едноподруго во ЛШ, на кои постигнал гол. Последната голема шанса ја имаше Роберт Левандовски, во 88. минута, но биеше надвор од голот од непосредна близина.

Реваншот е идниот вторни, на „Сантјаго Бернабеу“