Лотито заспа на состанок за состојбата на италијанскиот фудбал (ВИДЕО)

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се посрамоти пред италијанската јавност, откако заспа среде состанок за иднината на фудбалот на Апенините.

Лотито заспа додека се зборуваше за италијанскиот фудбал, по што претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис реши да го разбуди.

Првиот човек на „небесно-сините“ потоа се правдаше дека не заспал, туку со затворени очи го слушал неговиот колега додека зборува.