Кавадарци гореше по историскиот трофеј на Тиквеш во Купот (ВИДЕО)

Тиквеш го освои првиот трофеј во Купот на Македонија, откако ја совлада Воска Спорт со 2-1, а потоа се организираше голема прослава во Кавадарци.

Голем број жители на Кавадарци излегоа да ги пречекаат своите херои кои беа пријатно изненадување оваа сезона во македонската елита.