Паднал договор, Компани ќе биде нов тренер на Баерн Минхен!
Се оддржаа клучните преговори меѓу Компани и Баерн Минхен кои завршија успешно, доколку не се случи нешто непредвидливо, тој ќе биде новиот тренер на Баварците.
Компани е под договор со Барнли, па Баерн Минхен во наредниот период ќе преговара со англискиот клуб за висина на обештетувањето кое ќе треба да ја плати.
Со оглед на фактот дека Барнли испадна во Чемпионшип, се верува дека нема да му прават проблем на Компани да се пресели во Баерн Минхен.
Прогнозите се дека до крајот на оваа недела Баерн Минхен официјално ќе објави дека Компани е нивниот нов тренер.