Гасперини: Не само што победивме, туку како го направивме тоа!

Аталанта со убедливи 3-0 го совлада Баер Леверкузен во финалето на Лига Европа, а сите три гола беа дело на Адемола Лукман.

Тренерот на калчолигашот, Џан Пјеро Гасперини кажа дека е горд што го освоил својот прв трофеј во кариерата, но важен е начинот на кој го направил тоа со Аталанта.

„Не само што победивме, туку како го направивме тоа. Го победивме Ливерпул додека беше на врвот во Премиерлигата, Спортинг и сега Баер Леверкузен. Горд сум на моите момци“, кажа Гасперини.