Јуве доби сомнителен пенал, Роналдо лесно изедначи против Лион (ВИДЕО)

Јувентус пред крајот на првото полувреме го изедначи резултатот на реванш-средбата од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лион (1-1), откако Роналдо стрелаше од пенал во 43. минута. Ова беше прв ваков удар за составот од Торино сезоната во ЛШ, а десетти по ред реализиран од страна на Португалецот во ова натпреварување.

Причина за најстрогата казна беше играњето со рака на Мемфис Депај во живиот ѕид, што на социјалните мрежи е оценето како максимално сомнителна одлука во корист на Италијанците. Јуве сега е во негатива од 1-2 и му се потребни уште два погодоци и сочувана мрежа во второто полувреме за да се пласира на Топ-8 турнирот во Лисабон.