Јунајтед ја пречекува незгодната Валенсија, Реал гостува во Москва

Во првиот ден од второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони се играат неколку натпревари, а денешно дерби е дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Валенсија, а бранителот на титулата Реал Мадрид гостува кај ЦСКА Москва.

Во првите два натпревари денеска играат Хофенхајм и Манчестер сити, односно Јувентус и Јанг Бојс. Шампионот на Англија нема право на кикс затоа што во првото коло загуби од Олимпик Лион со 1-2 на домашен терен.

Јувентус во првото коло ја победи Валенсија, а Јанг Бојс ќе ги пречека без Кристијано Роналдо, кој е суспендиран.

Инаку, двата натпревари се играат од 18.55, додека сите останати се во терминот од 21 часот.

АЕК и Бенфика играат во Атина, а двете екипи имаат пораз од првото коло. Грчкиот шампион е поразен од Ајакс, а португалскиот од Баерн Минхен.

Дербито во групата Е се игра во Минхен, каде што Баерн го пречекува Ајакс. Баварците сакаат да го поправат впечатокот по поразот од Херта во Бундеслигата, додека Ајакс има голема желба да направи позитивен резултат за третото и четвртото коло во кое игра против Бенфика.

Манчестер јунајтед е домаќин на Валенсија, а „црвените ѓаволи“ по лошиот почеток во Премиерлигата, немаат право на нова грешка.

Реал Мадрид, исто така, им остана должен на своите навивачи затоа што во два натпревари во ла Лига не постигна ниту еден гол. „Кралевите“ примија дури три од Севилја, додкеа во градското дерби со Атлетико беше 0-0.

Рома по неубедливиот старт конечно почна да фаќа ритам. „Волчицата“ даде седум гола во два натпревари во Серија А и ќе биде голем фаворит за Викторија Плзен.

По победата против Сити во првото коло на „Итихад“, Олимпик Лион ќе го пречека Шахтјор Доњецк, а двете екипи се во добра форма и последните порази ги запишаа во август.