Јасир Асани го победи Елмас во трката за гол на колото

Вардаровото дете Јасир Асани, репрезентативецот на Албанија го има најубавиот гол во третото коло во евроквалификациите за ЕП 2024, па го победи во изборот на УЕФА, голчиштето на Елиф Елмас против Украина.

Асани постигна прекрасен гол за Албанија против Молдавија во триумфот со 2-0 на западниот сосед и во изборот на УЕФА и гласањето, избран е за гол на колото. Во конкуренција беше брилјантниот еврогол на Елмас за водство од 2-0 на Македонија против Украина, меч кој потоа во последната третина го загубивме со 2-3.