Италија ја победи БиХ, Словачка го наполни голот на Велс (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни уште три пријателски средби, при што Италија оствари победа против Босна и Херцеговина од 1-0, додека Словачка славеше со 4-0 против Велс.

Давиде Фратези беше стрелец на единствениот гол на „аѕурите“ во пријателскиот меч одигран во Емполи, иако победата можеше да биде уште поубедлива ако Италија ги искористеше своите шанси.

Првиот гол на мечот меѓу Словачка и Велс беше дело на Куцка во 45. минута, по што домаќините го декласираа ривалот во вториот дел со погодоците на Бозеник, Бенес и автоголот на Ампаду.

Грузија, исто така, славеше со 3-1 против Црна Гора на гостувањето во Подгорица.